Разоткривање на родово базираното насилство во спортот: Препознавање на формите
Родово базираното насилство во спортот е сериозно прашање кое се појавува во различни форми. Но, што е всушност родово базирано насилство?
Според Европската комисија:
„Насилство кое е насочено против некоја личност поради полот или насилство кое влијае врз лица од одреден пол“.
Оваа статија има за цел да ги идентификува различните форми на родово базираното насилство во спортот, истакнувајќи го нивното влијание и потребата од сеопфатни стратегии за нивно решавање.
Форми на родово базирано насилство во спортот
Препознавањето на различните форми и подгрупи на родово базираното насилство во спортот е од клучно значење за создавање побезбедна и поинклузивна средина за сите спортисти. Родово базираното насилство во спортот се манифестира во широк спектар на форми, вклучувајќи физичка и емоционална злоупотреба.
Физичкото насилство вклучува намерна употреба на сила за да се нанесе повреда, додека сексуално вознемирување и сексуален напад вклучуваат несакано сексуално дејствие, закана или принуда. Овие дела се особено штетни во спортската средина. Надвор од физичкиот контакт, емоционалното и психичкото насилство користи зборови или постапки за да ги контролира, манипулира или заплаши спортистите. Ова може да опфати јавно понижување, прекумерна критика или закани за исклучување од тимот.
Врсничкото насилство исто така е модел на однесување преку кој се нанесува физичка или емоционална штета на друг спортист и може да биде форма на родово базирано насилство. Дополнително, може да се јави психолошка манипулација, економско насилство и финансиска експлоатација, каде што се користи контролата врз финансиите, можностите за обука или изборот на конкуренција за да се создаде дисбаланс на моќта и страв од зависност.
Освен тоа, родовата дискриминација е форма на структурно насилство пристуна насекаде во спортот. Тоа се манифестира како нееднаков пристап до ресурси, можности и признавање само врз основа на полот. Спортистките може да имаат ограничен пристап до висококвалитетни објекти за обука, опрема, тренинг и финансирање во споредба со нивните машки колеги. Тие може да добијат помало медиумско покривање и можности за спонзорство, што ќе ја попречи нивната видливост и потенцијал за професионален успех. Оваа системска пристрасност создава култура која може да биде резултат на други форми на родово базирано насилство.
Влијанието на родово базираното насилство во спортот
Како да се справиме со родово базираното насилство во спортот како организација?
- Сеопфатни политики и обуки: организациите треба да креираат политики кои јасно ќе наведат кои однесувања не се прифатливи, да постават начини за ваквите однесувања да бидат пријавени и да ги потенцираат последиците за оние кои се вклучуваат во нив.
- Системи за поддршка на жртвите: Обезбедувањето силни системи за поддршка за жртвите, вклучувајќи пристап до советување, медицинска нега и правна помош е од клучно значење за жртвите на родово базираното насилство. Спортските организации треба да соработуваат со надворешни експерти за да обезбедат поддршка на жртвите.
- Промовирање на родовата еднаквост: Промовирањето на родовата еднаквост во спортот вклучува обезбедување еднаков пристап до ресурси, надоместоци, спонзори, можности и застапеност за сите родови. Напорите треба да ги оспорат културните норми и стереотипите кои ја овековечуваат родовата нееднаквост и родово базираното насилтво.
- Одговорност и транспарентност: Барањето одговорност од сторителите бара транспарентни истражни процеси и правични дисциплински дејствија. Исто така, треба да се воспостави мрежа за заштита за да се поттикне известувањето и да се спречи одмазда.
Заклучок
Родово базираното насилство во спортот е повеќеслоен проблем кој бара континуирани и темелни иницијативи за решавање. Признавањето на различните појави на родово базирано насилство е почетниот чекор во поттикнувањето на спортска средина која е побезбедна и подобредојдена за сите. Преку имплементација на политики, помагање на спортистите, застапување за родова еднаквост и спроведување на одговорност, спортските тела можат да иницираат вреднување на културата на ненасилство и пристрасност што ја намалува суштината на спортскиот дух.
Референци
Европска комисија. (н.д.). Што е родово засновано насилство?. https://commission.europa.eu/strategy-and-policy/policies/justice-and-fundamental-rights/gender-equality/gender-based-violence_en