Guide on Prevention Policies and Practices for Sport Officers & Executives _MK

Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Превенцијата се заснова на намалување на ризиците преку едукација и проактивни чекори. Станува збор за создавање средина во која луѓето можат да се изразат без страв, знаејќи дека нивните грижи ќе бидат слушнати и дека нивната безбедност е важна. Не е целтта само донесување политики, туку нивно вистинско и правично спроведување, и функционирање наменски за сите. Со вградување на овие принципи во секојдневната работа, организацијата може да создаде култура каде што сите се чувствуваат сигурно и слободно и може да учествуваат без страв. Ова придонесува кон градење средина во која почитта, довербата и инклузивноста се темелни вредности. Кога заштитата станува повеќе од регулатива, кога се вградува како основна вредност, не само што ја зајакнува мисијата на организацијата, туку има и трајно позитивно влијание врз сите нејзини активности. Мерки за превенција Редовната обука за заштита на персоналот и волонтерите е од суштинско значење за да се осигури дека тие ги разбираат и можат ефикасно да ги имплементираат принципите на заштита. Овие сесии треба да ги опфатат темите како што се препознавање и реагирање на знаци на злоупотреба или вознемирување, одржување доверба и практикување културна сензитивност и инклузивност. Темелните протоколи за проценка на ризик треба да претходат на секоја активност за да се идентификуваат и адресираат потенцијалните безбедносни ризици, вклучувајќи ги прегледот на локации, планираните активности и потребите на учесниците(Safeguarding Network, n.d.). Механизми за пријавување Јасната рамка за пријавување е клучна за создавање безбедна и одговорна средина, обезбедувајќи инцидентите да се решаваат навремено и ефикасно. Ваквата рамка ги охрабрува индивидуите да ги изнесат своите грижи без страв од одмазда или осуда. Анонимните системи за пријавување, како што се безбедни онлајн формулари, сандачиња за сугестии или посебни телефонски линии, нудат пристапни можности за пријавување на инциденти, истовремено зачувувајќи ја анонимноста на пријавувачите (UNESCO, 2023). Потребно е да се воспостават јасни и добро комуницирани канали за пријавување, поддржани од назначени службеници за заштита кои се обучени да се справуваат со чувствителни случаи со професионализам и грижа. Контакт информациите за овие службеници треба да бидат јасно истакнати и лесно достапни за сите засегнати страни. Откако ќе се поднесе пријава, клучно е истрагите да се спроведат навремено, праведно и доверливо, со цел да се заштитат приватноста и достоинството на сите инволвирани страни. Овие истраги мора да следат транспарентен процес, воден од принципите на непристрасност и интегритет, за да се обезбеди доверба во системот. Целта е праведно решавање на проблемите, со исходи што ја ставаат во фокус благосостојбата на засегнатите страни, истовремено зајакнувајќи ја одговорноста во рамките на организацијата (Safeguarding Network, 2024). Редовните евалуации на механизмите за пријавување треба да се спроведуваат за да се идентификуваат области за подобрување, гарантирајќи дека системот останува ефикасен, пристапен и усогласен со најдобрите практики за заштита и етичко управување.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=