Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000390527 Придобивки од градење капацитети 1. Подобрена реакктивност: Информиран тим обезбедува навремени и ефективни реакции на инциденти поврзани со родово базирано насилство (РБН), градејќи доверба во организацијата (На пример, рамката на Американскиот центар за безбеден спорт - US Centre for SafeSport). 2. Одржлива промена: Вградувањето на знаење и експертиза во тимот обезбедува континуитет и раст, независно од смената на персоналот. 3. Културна промена: Промовира проактивен пристап во справувањето со РБН, создавајќи побезбедна и поинклузивна спортска средина. Проактивната обука ќе помогне во создавањето на култура која не толерира РБН. Формирањето тим од експерти во рамките на организацијата претставува трансформативен чекор во справувањето со РБН во спортот. Преку насочено градење капацитети и користење напредни програми за обука, спортските организации можат да создадат средини на почит, еднаквост и безбедност. Со посветеност на континуирано учење и зајакнување, оваа иницијатива обезбедува дека борбата против РБН не само што е ефикасна, туку и одржлива на долг рок.
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=