www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● Чекот 3 - Разбирање на РБН во спортот (35 минути) ○ Дајте краток преглед на работилницата, истакнувајќи ги нејзините цели и клучните теми со кои ќе се занимава. За подобар ангажман од самиот почеток, замолете ги учесниците да напишат на леплива белешка еден збор што им доаѓа на ум кога размислуваат за РБН воопшто и за РБН во спортот. ○ Користете PowerPoint презентација што можете да ја најдете на почетокот на Прирачникот - Разбирање на родово базирано насилство - Спортска перспектива, за да го продлабочите разбирањето и знаењето за темата. ● Чекор 4 - Дискусија (25 минути) ○ Дискусија за претходно подготвени студии на случај и сценарија од реалниот живот кои ја вклучуваат темата за РБН во спортски контекст. (Примери: Dark and dangerous shadow of stalking hovers over growth of women's sport | Reuters, US Biathlon officials ignored sexual harassment and abuse of female racers for decades, athletes say, NWSL’s sexual misconduct scandal costs league $5 million in ‘landmark settlement’) ○ После секое сценарио, започнете дискусија за емоциите, потенцијлните последици и ефективни стратегии за интервенција. ○ Пример прашања: ■ Што мислите, како се чувствувала жртвата во оваа ситуација? ■ Доколку Вие бевте на место на жртвата, каква би била вашата моментална реакција? ■ Каков специфичен тип на РБН е покажан во ова сценарио? (на пр., следење, вознемирување, принуда, напад) ■ Како РБН влијае на перформансите, кариерата и менталното здравје на спортистот? ■ Кои итни дејствија би можеле да се преземат за да се запре или спречи злоупотребата? ● Чекор 5 - Рефлексија (10 минути) ○ Овозможете сесија за дебрифинг каде учесниците размислуваат за она што го научиле и се обврзуваат на акција. ○ Седнете во круг за да го поттикнете чувството на сигурност и отвореност, подавајте топка наоколу, дозволувајќи му им на секое лице да сподели едно клучно мислење или акција што може да ја преземе за борба против РБН во спортот. ○ Завршете со сумирање на главните точки од лекцијата и анкета за самооценување - Разбирање на РБН во спортот што можете да го најдете во последниот дел од Прирачникот за да соберете повратни информации. Дополнителни информации: Осврнете се на ресурси од организации како што се UN Women и Safe Sport International.
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=