www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● https://www.unwomen.org/en/digitallibrary/publications/2023/07/tackling-violence-against-women-andgirls-in-sport-a-handbook-for-policy-makers-and-sports-practitioners ● https://www.safesportinternational.com/ Активности за Неформално образование 2 Преглед: Сценарија со игра на улоги за вежбање на интервенција и стратегии за поддршка Цели: До крајот на сесијата, учесниците ќе бидат способни да: ● Опишат соодветни одговори и стратегии за поддршка за справување со родово базираното насилство (РБН) во спортот. ● Демонстрираат интервенциски вештини преку вежбање на ефикасни реакции.. ● Оценат различни пристапи за интервенција со цел утврдување на нивната ефективност во различни ситуации поврзани со РБН. Материјали: Сценарија за игра на улоги, PowerPoint презентации, топка, лепливи белешки (sticky notes), флипчарт, маркери и анонимни прашалници за повратни информации. Времетраење : 90 минути. Чекори на имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (15 минути) ○ Поздравете ги учесниците и започнете со игра за загревање. Предлог за игра: „Премини ја линијата“ каде што учесниците стојат на една страна од линијата. Ќе читате изјави поврзани со РБН во спортот. Доколку изјавата важи за нив или за некој што го познаваат, тие тивко преминуваат преку линијата. За да продолжат со играта, се враќаат назад на почетната линија. Cross The Line ○ Примери за изјави: ■ РБН во спортот се однесува само на физичко насилство врз жени. ■ Моќта и контролата на тренерот врз спортистите може да придонесе за РБН. ■ РБН се случува само во професионалниот спорт. ■ Женските спортистки понекогаш се обвинети за насилството што го претрпуваат. ■ РБН е ретка појава во спортот. ■ Мажите никогаш не се жртви на РБН во спортот. ■ РБН често останува непријавено во спортот. ■ Спортистите често се обесхрабрени да пријават РБН. ■ Медиумското внимание може да ја зголеми свесноста за РБН. ■ Жртвите на РБН во спортот често добиваат поддршка од нивните соиграчи. ● Чекор 2 - Вовед (10 минути) ○ Дадете кратко резиме на работилницата. Воведете ја темата на сесијата со акцент на влијанието на РБН врз спортистите, тренерите и спортските заедници и важноста од препознавање и справување со РБН во
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=