www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ○ Направете групен бреинсторминг прашувајќи ги „Кои се некои пречки за инклузија и безбедност во спортот?“, дајте им време да размислат и запишете ги мислењата на табла. Соберете слични мислења и отворете дискусија со поврзување на заеднички теми. ● Чекор 3 - Создавање безбедна и инклузивна спортска средина (40 минути) ○ Презентирајте ја презентацијата подготвена за оваа тема која може да се најде на почетокот од Прирачникот - Creating a Safe and Inclusive Sporting Environment. ○ Поделете ги учесниците по групи и дајте им карти со прашања како водич: - Кои вредности создаваар инклузивна спортска средина? - Кои практични акции можат да ги преземат тимовите, тренерите и организациите? ○ Дајте им време на групите да разговараат за клучните точки. ○ Секоја група треба да ги сподели своите заклучоци и мислења со пошироката група. ● Чекор 4 - Дискусија и рефлексија (20 минути) ○ Дискутирајте за акциите што можат да се преземат за да се направи спортот побезбеден и поинклузивен. ○ Направете кружна рефлексија на учесниците за нивните искуства во спортот. Поттикнете ги да придонесат и валидираат различни перспективи. Совети за фасилитатори: Поттикнете активно учество и осигурајте дека сите гласови се слушнати. Фасилитирајте со сензитивност кон различни перспективи. Активност за неформална едукација 2 Преглед: Групна работа на идентификација на клучни елементи на инклузивен и безбеден спортски простор Цели: До крајот на лекцијата учесниците ќе можат да: ● Описно ги претстават основните елементи на инклузивна и безбедна спортска средина. ● Испитаат различни сценарија за да идентификуваат обрасци, предизвици и добри практики за поттикнување на инклузивност и безбедност. Материјали: Флипчартс, маркери, лепливи ливчиња, примери од сценарија, кутија карамел бонбони. Времетраење: 90 минути. Чекори за имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (10 минути) ○ Добредојде и запознавање. ○ „Игра со бонбони“: Поминете со кутија бонбони и кажете им на учесниците „земете колку што сакате.“ Откако сите ќе земат, кажете им дека за секоја бонбона треба да кажат нешто што ги прави да се чувствуваат безбедно. Ако некој земал 5 бонбони – кажува 5 работи итн.
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=