SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). План за лекција 3 - Зајакнување на гласот и лидерство Дел Наслов Зајакнување на гласот и лидерство Генерални информации и теми Оваа лекција е наменета за развој на лидерски вештини, зајакнување на индивидуи да го изразат својот глас и поттикнување на инклузивноста во процесите на донесување одлуки во спортот и заедницата. Таа нагласува градење на самодоверба, ефективна комуникација и колаборативно лидерство. Компетенции, вештини и способности Подобрено/Стекнато: ● Лидерскии тимски вештини. ● Самодоверба во јавно настапување и донесување одлуки. ● Компетентност во создавање инклузивна групна динамика. ● Способност да се зајакнат други и да се води преку пример. Цел Да се опремат учесниците со алатки и самодоверба да станат лидери кои ги засилуваат различните гласови и промовираат еднакво учество во спортот и пошироко. План Активност за неформално образование 1 Преглед: Интерактивна сесија за идентификување на лични лидерски стилови и силни страни. Цели: До крајот на лекцијата, учесниците ќе бидат способни да: ● Објаснат различни лидерски стилови и нивните клучни карактеристики. ● Споредат различни лидерски стилови за да утврдат како индивидуалните сили придонесуваат за ефективно лидерство во различни контексти. Материјали: Прашалници за самоевалуација, топка, пенкало, описи на лидерски стилови и флипчартс. Времетраење: 90 минути. Чекори за имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (10 минути) ○ Добредојде и запознавање. ○ Започнете ја сесијата со игра за загревање. Игра за загревање: „Пренеси го Лидерството“ – учесниците во круг пренесуваат предмет (на пример топка, пенкало) додека свири музика. Кога ќе запре музиката, оној кој го држи предметот треба да сподели лидерска лекција што ја научил или да опише лидер што го восхитува и зошто. ● Чекор 2 - Вовед (10 минути) ○ Претставување на темата и целите на сесијата, објаснување на важноста на различните пристапи во лидерството за поттикнување на инклузивноста. Примери на инклузивни лидери во спортот и други области: Серена Вилијамс, Јанис Антетокумпо, Меган Рапино, Томи Смит и Џон Карлос. ● Чекор 3 - Зајакнување на гласот и лидерство (40 минути) ○ Пополнување на самоевалуациски прашалници за лидерски стилови. Поттикнување на размислување за резултатите и запишување на клучни увидувања.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=