www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). План за лекција 4 - Вклучување на мажи и момчиња како сојузници Дел Наслов Вклучување на мажи и момчиња како сојузници Генерални информации и теми Оваа лекција се фокусира на клучната улога што можат да ја играат мажите и момчињата како сојузници во промовирањето на родова еднаквост и справување со штетни родови норми. Таа истакнува стратегии за поттикнување на емпатија, свесност и активно учество во создавање инклузивни и правични средини. Компетенции, вештини и способности Подобрено/Стекнато: ● Свесност за улогата на мажите и момчињата во промовирањето на родова еднаквост. ● Вештини за препознавање и соборување на штетни родови стереотипи и однесувања. ● Компетентност за поттикнување инклузивен дијалог и градење поддржувачки односи. ● Способност за застапување за еднаквост и инклузија во различни средини. Цел Да се зајакнат мажите и момчињата да станат проактивни сојузници во напорите за родова еднаквост, опремувајќи ги со знаење и алатки за да се спротивстават на дискриминацијата базирана на род и да придонесат кон инклузивна околина. План Активност за неформално образование 1 Преглед: Групна дискусија и анализа на родови стереотипи и нивното влијание на сите родови. Цели: До крајот на оваа лекција, учесниците ќе можат да: ● Идентификуваат вообичаени родови стереотипи и да ги опишат нивните ефекти врз поединците и општеството. ● Развијат стратегии за предизвикување на родови стереотипи и промовирање на инклузивност преку вклучување на мажите и момчињата како сојузници. Матријали: Чарт листови, маркери, примери за стереотипи и студии на случај. Времетраење: 90 минути. Чекори за имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (10 минути) ○ Добредојде и запознавање. ○ Започнете со игра за загревање за да ја отворите работилницата и да создадете отворено и безбедно место. Предлог игра: „Две вистини и една лага“, каде секој учесник кажува три тврдења за себе — две што се вистинити и едно што е лага. Останатите учесници треба да погодат кое е лагата. . 2 Truths and a Lie Ice Breaker ● Чекор 2 - Вовед (5 минути) ○ Претставете ги целите на сесијата и нагласете ја важноста на средина без осуда.
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=