SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● Чекор 3 - Вклучување на мажите и момчињата како сојузници преку групна работа ( (40 минути) ○ Поделете ги учесниците во мали групи и обезбедете им чарт хартија и маркери. Замолете ги секоја група да наведе вообичаени родови стереотипи кои влијаат на сите родови и да ги презентираат своите наоди, забележувајќи ги сличностите и разликите. Примери на родови стереотипи: Gender stereotypes: What are they, effects, and how to avoid ○ Обезбедете студии на случај и реални примери на родови стереотипи во спортот, работните места и секојдневниот живот. Водете дискусија за тоа како овие стереотипи влијаат врз поединците и општеството. Охрабрете ги учесниците да споделат лични искуства, доколку се чувствуваат удобно. Примери на студии на случај и реални ситуации: Benetas case study: Challenging male stereotypes, ● Чекор 4 - Дискусија (20 минути) ○ Водете дискусија за начините на кои мажите и момчињата можат да дејствуваат како сојузници во разградување на стереотипите и водете ги кон развивање практични решенија за нивните заедници, работни места или спортски тимови. Запишете ги клучните стратегии на флипчарт како колективна референца. ○ Пример прашања за дискусија: ■ Кои се некои вообичаени стереотипи за родови улоги во нашата заедница, на работното место или во спортските тимови? ■ Како овие стереотипи влијаат и врз мажите и врз жените? ■ Зошто е важно мажите и момчињата да се вклучат во разградувањето на родовите стереотипи? ■ Кои се некои секојдневни акции што мажите можат да ги преземат за да ги предизвикаат стереотипите во нивните заедници? ■ Кои се трите работи што можеш да почнеш да ги правиш денес за да бидеш подобар сојузник? ● Чекор 5 - Рефлексија (15 минути) ○ Учесниците размислуваат за тоа што научиле, какво е нивното лично искуство и ги споделуваат своите најголеми поенти. Дадете реални примери на индивидуи и движења кои успешно ги имаат предизвикано родовите стереотипи. Совет за фасилитаторите: Создадете безбедна средина за отворен дијалог и охрабрете ги учесниците да размислуваат без осуда. Активност за неформално образование 2 Преглед: Сценарија за игра на улоги каде што мажите и момчињата интервенираат како сојузници во предизвикување дискриминаторни однесувања, а потоа ги заменуваат улогите со девојките.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=