SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Цели: До крајот на лекцијата учесниците ќе можат да: ● Ја препознаат улогата на набљудувачите во справување со дискриминација врз основа на род и да опишат ефективни техники за интервенција. ● Ги евалуираат личните искуства и емоционални реакции за да го анализираат влијанието на родовите очекувања врз интервенцијата и реакциите. Материјали: Картички со сценарија Времетраење: 90 минути. Чекори за имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (10 минути) ○ Добредојде и запознавање. ○ Започнете со игра за загревање за да се отвори работилницата и создаде отворено и безбедно место. Предлог игра: Jump in, Jump out, каде што учесниците стојат во круг и се држат за раце. Фасилитаторот дава инструкции: кога ќе каже „скокни лево“, тие скокаат десно и обратно, а кога ќе каже „скокни назад“, тие скокаат напред и обратно. Jump In, Jump Out | Fun Icebreaker Activity for Teams & Groups! ● Чекор 2 - Вовед (5 минути) ○ Претставете ја темата на сесијата и целите. Потенцирајте ја важноста на улогата на мажите и момчињата како сојузници. ● Чекор 3 - Вклучување на мажите и момчињата како сојузници преку групна работа (40 минути) ○ Поделете ги учесниците во мали групи и распределете картички со сценарија. Доделете улоги за секое сценарио: набљудувач, сторител и жртва, каде девојките секогаш се во улога на жртви, а момчињата дејствуваат како сојузници што интервенираат. Дајте им време на групите да ги дискутираат сценаријата и да ги подготват нивните одговори. Извори за сценарија: https://violencewash.lboro.ac.uk/vgw/Briefing-notes-toolsetschecklists/VGW-TS5-Scenarios/VGW-TS5-Trainingscenarios.pdf GENDER AT WORK SCENARIOS ○ Секоја група го изведува своето сценарио додека другите набљудуваат. Охрабрете ги учесниците да користат различни стратегии на интервенција, како директна конфронтација, одвлекување внимание или барање поддршка. По секоја изведба, водете кратка дискусија за тоа што функционирало добро и што може да се подобри. ○ Потоа, замолете ги учесниците да ги сменат улогите, момчињата да глумат женски ликови, а девојките машки. Повторете го сценариото со новите улоги, охрабрувајќи ги учесниците да размислат за искуството од поинаква перспектива. Дискутирајте за разликите во начинот на кој се чувствувале и реагирале во променетите улоги.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=