SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Потребни ресурси: ● големи листови хартија или табла ● лепливи белешки и маркери ● однапред подготвени модели за предизвици поврзани со род и спорт, сценариокартички ● ако е достапно, печатен примерок од кодексот за однесување на тимот Прв чекор: Игра за загревање (10 минути) Спортистите треба да бидат охрабрени да работат во мали групи и да документираат придавки кои често се користат за карактеризирање на машки и женски спортисти (на пр., силен, агресивен, лидер за мажи; грациозна, емотивна, поддржувачка за жени). Секоја група создава листа за поголемата група. Фасилитаторот потоа води разговор за тоа како овие зборови ги зацврстуваат стереотипите и дали тие се совпаѓаат со вистинските спортски способности и достигнувања, со цел да се подигне свеста за влијанието на јазикот врз перцепциите за спортистите. Втор чекор: Дебата со сценарија (35 минути) Креирајте сценарио-картички кои прикажуваат вистински или измислени случаи на родова пристрасност во спортот, вклучувајќи: жена играчка која не се зема сериозно предвид за позиција на капитен, машки спортист на кој му се обесхрабрува да изразува емоции или небинарен спортист кој се соочува со тешкотии во распределбата на соблекувални. Секоја група дискутираЧ ● На кој начин ова сценарио ги одразува родовите претпоставки во атлетиката? ● Како тоа може да влијае на тимот и на поединецот? ● Како колегите би можеле да го предизвикаат или да интервенираат за да ги коригираат овие претпоставки? По дискусијата, секоја група го претставува своето сценарио и решенијата. Трет чекор: Вежба за тимска посветеност (30 минути) Спортистите заедно создаваат изјава за тимска заложба или основни правила, користејќи го она што го откриле, а што вклучува: ● Правило за нулта толеранција кон пристрасно однесување и вознемирување. ● Посветеност за преиспитување на родовите улоги во тимската динамика и поддршка меѓу членовите во тој процес. ● Акции кои поттикнуваат инклузија и почит. Секој спортист ја потпишува изјавата, која потоа се изложува на видливо место, како соблекувалната или салата за тренинг. Четврт чекор: Рефлексија (15 минути) ● Фасилитаторите водат рефлексивен разговор: o Од денешната сесија, какви сознанија ви се појавија? o Како можете да го примените она што го научивте во вашите редовни контакти со противници и колеги? o Што ќе направите поинаку во иднина за да ја поддржите инклузивноста во спортот? Оваа програма, покрај тоа што ги едуцира спортистите за родови стереотипи и инклузивност, поттикнува и групна одговорност. Спортисти кои активно учествуваат во разговори водени од

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=