SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). професионален и личен раст. Од поголема различност, еднаквост и инклузија имаат корист сите — од зголемена креативност и иновација на теренот или во одборната сала, до поставување пример за инклузивна култура и стандарди за следните генерации (The Sport Information Resource Centre. (2024, January 15). The power of mentoring in sports: Who, what, and how? | SIRC | Blog). Што го прави менторството ефективно? Придобивките и за менторот и за ментито не се загарантирани само со менторството. Позитивни резултати бараат ефективни менторски односи. Според истражувањата, цврста врска меѓу ментор и менторираниот ,базирана на почит и отворена комуникација е основа за успешно менторство (Sandardos & Chambers, 2019). Дополнително, менторираните често преферираат ментори кои имаат слични карактеристики. Истражувањата покажуваат подобри резултати кога менторот и менторираниот се од ист пол, па ментори од ист пол може да бидат значаен елемент во менторството, особено за жените (Swim et al., 2022; Wasend & LaVoi, 2019; Watson et al., 2009). Изградбата на успешна менторска релација зависи и од квалитетите на менторот, вклучително и да биде водич, поддржувач, предизвикувач, како и да биде доверлив и искрен (Carter & Hart, 2010; Hancock et al., 2017; Sandardos & Chambers, 2019; White et al., 2017). Конечно, искуствата на менторите во нивните професионални и лични животи во спортот дополнително ја покажуваат вредноста на менторството (Donoso-Morales et al., 2017). Практични препораки Спортските организации и високoобразовните институции можат да ги следат следниве практични препораки за спроведување на ефективни менторски програми: 1. Развијте цврсти ментор-менториран односи: Поттикнувајте отворена комуникација и заемна почит за воспоставување значајни врски. На пример, организациите може да определат посебни временски термини за редовни средби меѓу ментори и менторираните. 2. Фокусирајте се на процесот на поврзување: Создадете средина каде менторите (спортски професионалци, спортски службеници и др.) подобро ги разбираат потеклото и предизвиците на менторираните. Организациите може да ги поврзат менторите и менторираните врз основа на фактори како пол или заеднички животни искуства. Еден пристап би вклучувал спроведување анкети со потенцијални ментори и менторирани за собирање релевантни информации за нивната позадина и преференции. 3. Развивајте ги квалитетите на менторите: Поттикнувајте ги менторите да развиваат силни комуникациски вештини, да прифатат емоционална интелигенција и да даваат конструктивна повратна информација. На пример, организациите може да обезбедат специјализирани обуки или работилници за развој на менторските вештини. 4. Давајте приоритет на ментори со искуство: Избирајте ментори кои не само што имаат значително професионално искуство и експертиза, туку и богати животни искуства кои значајно ќе придонесат кон развојот на оние што ги ментотираат. Организациите може да развијат сеопфатен процес на селекција кој ќе ја оценува и професионалната експертиза и животното искуство на менторот. Ова може да вклучи детално интервју кое ќе ја опфати длабочината и обемот на позадината на менторот.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=