www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Во спортската индустрија, менторството е моќна алатка која го поддржува севкупниот професионален раст и успех на спортисти, тренери, спортски кадар, студенти што следат студии поврзани со спортот, лица од маргинализирани групи, како и нивниот личен развој. Како што беше спомнато погоре, менторството може да има значително позитивно влијание врз развој на знаење и вештини, напредување во кариерата, развој на лидерство и намалување на стапката на откажување. Спортската индустрија може да воспостави поддржувачка, соработувачка средина која го поддржува растот и благосостојбата на спортистите и го промовира континуираното учење и развој за сите засегнати страни со прифаќање на менторството и спроведување на успешни менторски програми. Може да погледнете: Planning Effective Sports Mentoring Sessions: A Guide for Mentors Комуникациски техники Кариерата и личниот развој на спортистите се значително под влијание на различни форми на насочување и комуникација во спортската индустрија. Без разлика дали доаѓа од ментори, тренери или соиграчи, начинот на кој се поставуваат прашањата може да има длабоко влијание врз изведбата, ставот и севкупниот развој на спортистот (Sardin, J. (2024, 3 ноември). Asking the right questions: Powerful Techniques for Sports Mentors - SC Mentor Hub. Sport Combine). Способноста да се поставуваат соодветни и рефлексивни прашања е моќна алатка за секој што е вклучен во патувањето на спортистот. Вредноста на соодветното прашување Една од најзначајните комуникациски техники е уметноста на поставување вистински прашања. Ова не се однесува само на менторството, туку се протега и на тренирање, тимска работа и саморефлексија. Освен што помага при собирање информации, ваквиот пристап ги инспирира спортистите да размислуваат за нивните минати искуства, цели и предизвици. Со поставување на продлабочени прашања може да се дојде до подлабоко разбирање и чувство на сопственост врз патот на спортистот. Понатаму, поставувањето на соодветни прашања им овозможува на менторите да стекнат увид во специфичните потреби и мотивации на спортистот. Овој индивидуализиран пристап е клучен при создавање на специјализирани стратегии за тренинг. На пример, ментор може да праша: „Што те мотивира да тренираш секој ден?“ Покрај тоа што го открива внатрешниот мотив на спортистот, ваквото прашање поттикнува понатамошен разговор за неговите цели и аспирации. Teхники за ефективно прашување За да го максимизираат влијанието на нивните прашања, спортските ментори можат да користат неколку ефективни техники на прашување. Овие техники можат да се категоризираат како отворени прашања, испитувачки прашања и рефлексивни прашања. ● Отворени и рефлексивни прашања: Овие прашања ги охрабруваат спортистите слободно да ги изразат своите мисли и чувства. На пример, прашањето „Како се чувствуваш во врска со твојата последна изведба?“ му овозможува на спортистот да ги артикулира своите емоции и увиди. Исто така, пример е: „Што научи од последната тренинг-сесија?“ .Ова го поттикнува самопроценувањето и растот. ● Испитувачки прашања: Овие прашања навлегуваат подлабоко во одредени области од интерес или загриженост. На пример, „Со какви конкретни предизвици се соочи на последното натпреварување?“ му помага на менторот да ја разбере перспективата на спортистот и да идентификува области за унапредување.
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=