SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Долгорочни стратегии за справување со случаи на РБН Покрај првичните реакции, компаниите и спортските организации треба да воведат долгорочни политики за поддршка на преживеаните и спречување на повторување, прилагодувајќи ги постоечките идеи на нивните потреби: ● Континуирани услуги за поддршка: Воспоставете партнерства со организации за правна помош, медицински служби и советодавни центри за да се осигури дека преживеаните имаат постојан пристап до овие ресурси. ● Дискретни и објективни истраги: Развијте протоколи за спроведување на истраги кои се дискретни, објективни и со почит кон приватноста на жртвите. Осигурете дека сите вклучени страни го разбираат процесот и неговата важност. ● Ажурирање и евалуација на политики: Редовно прегледувајте и ажурирајте ги организациските политики врз основа на нови истражувања, повратни информации од жртвите и променети насоки. Исто така, спроведувајте редовни внатрешни евалуации кои ќе водат кон подобрување на постојните процеси. ● Соработка со застапнички групи: Вклучете се со надворешни групи за застапување и експерти за да останете информирани за најдобрите практики во превенција и одговор на РБН. Оваа соработка може да помогне при подобрување на политиките и програмите за обука. ● Механизми за повратни информации: Воспоставете канали преку кои преживеаните ќе можат да ги споделат своите искуства со процесот на одговор, со цел да се искористат овие информации за подобрување на организацискиот одговор со текот на времето. Пример за механизми за повратни информации: Tool 5 | Women-centered Complaint Feedback Mechanisms (CFM) Tip Sheet | Gender-Based Violence Area of Responsibility, TIPS FOR DESIGNING & IMPLEMENTING GENDER-SENSITIVE FEEDBACK & COMPLAINT MECHANISMS Градење на на култура на одговорност и инклузивност Справувањето со родово базирано насилство (РБН) во спортот бара континуирана работа кон создавање култура заснована на инклузивност, почит и одговорност. Вклучувањето на раководството, тренерите и спортистите во добро организирани иницијативи им помага на сите засегнати страни да бидат посветени на трансформацијата. Отворените разговори за родова еднаквост, заедно со континуирана едукација, придонесуваат за воспоставување средини во кои секој се чувствува ценет и безбеден. Спортистите можат да тренираат и да се натпреваруваат во средини без насилство и дискриминација преку вклучување на мерки за превенција од РБН во нивните секојдневни активности. Надминувајќи ги реактивните решенија, справувањето со РБН бара проактивна превенција и едукација со цел да се постигне долгорочен ефект. Спортската заедница може да придонесе за значителни промени во искоренување на РБН и промовирање на култура на почит и безбедност преку посветеност на соработка, свесност и застапување (Our Watch, 2015). Значаен дел од културната трансформација е и воспоставувањето системи на одговорност кои наградуваат позитивно однесување и обесхрабруваат негативни постапки. Долгорочната одржливост и значителниот напредок зависат од поттикнување на пријавување, изградба на системи за поддршка и редовна евалуација на иницијативите за превенција од РБН. Преку континуирана едукација, развој на политики и инклузивно лидерство, спортската заедница може да стане пример за безбедност, почит и родова еднаквост.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=