SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● Учење преку сценарија: Менторот и ментотираниот разгледуваат реални студии на случај поврзани со РБН и дискутираат како да реагираат во различни околности, како на пример при сведочење на вознемирување или поддршка на соиграч што бил повреден. ● Поставување цели за безбедна спортска култура: Менторот и менторираниот воспоставуваат индивидуални и групни цели за поттикнување попријатна средина, вклучително и осудување на сексистички коментари или залагање за поголема родова застапеност на лидерски позиции. ● Доверливи проверки: Менторите ги поттикнуваат менторираните да зборуваат отворено за какви било безбедносни прашања или дискриминаторски практики на кои наишле, преку поставување отворени прашања за нивните искуства во спортот. ○ Примери за отворени прашања: ■ Можеш ли да ми кажеш за твоето севкупно искуство во спортската средина? ■ Дали некогаш си се чувствувал/а непријатно или небезбедно во спортски контекст? Што се случи? ■ Кои се некои позитивни и негативни искуства што си ги имал/а како спортист/ка? ■ Дали има ситуации во спортот кога чувствуваш притисок да направиш нешто што ти е непријатно? ■ Дали некогаш си слушнал/а или бил/а погоден/а од коментари кои ти делувале непочитливо или навредливо? Со имплементирање на овој менторски модел во спортските организации, спортистите создаваат атмосфера на зајакнување, почит и доверба, при тоа станувајќи проактивни сојузници во борбата против РБН. Освен што им помага на младите спортисти да ги развијат своите лидерски способности, оваа програма негува чувство на заедничка одговорност за унапредување на родовата еднаквост и заштита на сите спортисти. Зајакнување на тренерите за превенција и справување со РБН во спортот Тренерите играат клучна улога во обликување на културата на спортските тимови и се од суштинско значење за спречување и правилно постапување во случаи на родово базирано насилство (РБН). Оваа програма е осмислена да им обезбедат на тренерите алатки и знаења потребни за создавање почитувачка, инклузивна и безбедна спортска средина. Активноста им помага на тренерите да препознаат РБН, да изградат доверба со спортистите и да спроведат превентивни мерки со цел навремено справување со негативно однесување пред тоа да ескалира. Преку практична сесија базирана на дискусија, користејќи реални студии на случај, симулации и активности за градење тим, тренерите ќе заминат од програмата поуспешни во промовирањето на култура на нулта толеранција кон РБН. Структура на активноста Оваа интерактивна работилница во траење од 90 минути е поделена на три секции (по 30 минути): ● Препознавање и разбирање на РБН во спортот ● Создавање култура на почит и безбедна интервенција ● Реакција: Улогата на тренерите

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=