www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Преглед “Спортот може да придонесе за елиминирање на дискриминацијата врз жените и девојчињата преку зајакнување на поединците, особено жените, и опремување со знаења и вештини потребни за напредок во општеството. Спортот може да се залага за родова еднаквост, да се справи со ограничувачките родови норми и да обезбеди инклузивни безбедни простори“. Канцеларијата на Обединетите нации за спорт за развој и мир Спортот долго време се слави како обединувачка сила, рушејќи бариери и поврзувајќи различни заедници. Сепак, и покрај неговиот инклузивен потенцијал, многумина—особено жените, девојчињата и маргинализираните групи—и понатаму се соочуваат со нееднаквост, вознемирување и дискриминација. Ова се значителни пречки за остварување на целосниот потенцијал на луѓето и еднаквите права и можности. Забележан е значителен пораст на пријавени случаи на сексуална злоупотреба и експлоатација, додека родово базираното насилство (РБН) останува една од најголемите закани за жените и девојчињата во Европа и на глобално ниво (Евростат, 2024). Според релевантната Студија на Европската комисија, РБН во спортот е широко распространето во земјите-членки, што бара итна интервенција за создавање безбедни и инклузивни средини (Европска комисија, 2016). Од суптилни практики на исклучување до отворено вознемирување и злоупотреба, РБН го поткопува интегритетот на спортот и благосостојбата на оние кои учествуваат. Справувањето со РБН во спортот е од суштинско значење не само за заштита на правата на жените, девојчињата и другите маргинализирани групи, туку и за трансформација на културата што овозможува ваквото однесување да опстојува. Спортот е признат од страна на Целта за одржлив развој 5 на ОН како алатка за промовирање на родова еднаквост преку зајакнување на жените и предизвикување на штетните родови норми (Обединети Нации, 2023). Спортот игра клучна улога во овој процес поради неговата масовна моќ за допирање до луѓето и ефектот на мултиплицирање. Со справување со основните прашања поврзани со РБН, не само што го спречуваме, туку и го подобруваме вкупното спортско опкружување, правејќи го поприфатливо и со почит кон сите учесници. Овој холистички пристап бара соочување со вкоренетите стереотипи, преиспитување на нееднаквите динамики и создавање средини каде што почитта и инклузивноста се неопходни на сите нивоа на идентитет. Целта е јасна – создавање безбедни срединии каде што спортистите, тренерите, персоналот и навивачите можат да напредуваат без страв од дискриминација или повреда. РБН е длабоко вкоренето во родовата нееднаквост на сите општествени нивоа, особено во спортот кој типично е доминиран од мажи. Културните и социјалните норми што промовираат машка доминација исто така ја нормализираат родовата дискриминација и насилство. Рамката „ Sports for Generation Equality“ на UN Women истакнува дека спортот има потенцијал да биде предводник на промените преку трансформирање на штетните норми и промовирање на еднаквост (UN Women, 2020). Спортот е огледало на општеството, а она што се случува на теренот често има одек далеку надвор од него. Спортот има моќ или да ги одржи старите, штетни стереотипи и норми, или да отвори нови патишта за создавање на свет без дискриминациски активности. Превенцијата на РБН во спортот може да придонесе за предизвикување на нееднаквостите, родовите улоги и очекувањата, особено во распределбата на моќта, и да промовира почит, инклузија и еднаквост во рамки на тимовите, организациите, заедниците, и на крајот во општеството во целина. Превенцијата на РБН во спортот може да поттикне култура на
RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=