SPORTGVP_Deliverable 3.2 – Toolkit for Sport Professionals - Macedonian

Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). WP3: Пакет за обука – Спречување и справување со родовото базирано насилство во и преку спортот Прирачник за спортски професионалци, службеници, практичари и засегнати страни за РБН и спорт

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Ова дело е објавено под одговорност на Конзорциумот на проектот Sport GVP. Изразените мислења и аргументите употребени овде не мора да ги одразуваат официјалните ставови на Европската комисија. Ве молиме цитирајте ја оваа публикација како: Sport GVP project (2025). WP3 - D3.2 - Toolkit for Sport Professionals. Available at https://sportgvp.eu/elearning/training-package/ Оваа публикација е лиценцирана под Creative Commons AttributionNonCommercial-NoDerivs 4.0 International License (CC BY-NC-ND 4.0).

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Содржина Преглед 6 Улога на спортските професионалци во превенцијата 7 Цел на прирачникот 8 Презентација за неформални настани и семинари 9 Планови за часови за активности за учење 9 Преглед 9 План за лекција 1 - Разбирање на родово базирано насилство (РБН) во спортот 10 План за лекција 2 - Градење на безбедни и инклузивни спортски средини 15 План за лекција 3 - Зајакнување на гласот и лидерство 19 План за лекција 4 - Вклучување на мажи и момчиња како сојузници 23 План за лекција 5 - Промовирање на разновидност и инклузија во спортот 27 Насоки за врсничка едукација 32 Сесии за врсничка едукација: Учење преку акција 32 Разбирање на родово базираното насилство (РБН) во спортот 32 Борба против стереотипи и зголемување на почитта 33 Градење на безбедна и инклузивна спортска култура 33 Пример за активност за врсничка едукација: Градење на инклузивна тимска култура 34 “Разбирање и предизвикување на родови стереотипи во спортот” 34 Mенторски техники за спортски професионалци и практичари 36 Кој може да има корист од менторството и кои се придобивките? 36 Користење на менторството за зголемување на различноста, еднаквоста и инклузијата 37 Што го прави менторството ефективно? 38 Практични препораки 38

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Комуникациски техники 39 Вредноста на соодветното прашување 39 Teхники за ефективно прашување 39 Создавање безбедна средина за дијалог 40 Користење на GROW моделот 40 Статистики за менторство во спортот 41 Информирани и сензитивни комуникациски стратегии 41 Практични ресурси за превенција, идентификација и справување со инциденти на РБН во спортот 42 Препознавање и идентификување на РБН во спортот 42 Превенција на РБН во спортот 43 Реакција на РБН: ефективно справување со инциденти 43 Долгорочни стратегии за справување со случаи на РБН 44 Градење на на култура на одговорност и инклузивност 44 Пример: „Ментор на менторираниот: програма водена од врсници“ 45 Разговори и активности 45 Зајакнување на тренерите за превенција и справување со РБН во спортот 46 Структура на активноста 46 Материјал за читање 49 РБН материјал 49 Материјали за родова еднаквост 50 Материјали за психологија на спортот 51 Анкети за самооценување 54 Дел 1: Разбирање на родово-базирано насилство (РБН) во спортот 54 Дел 2: Рефлексија на родова еднаквост во спортот 55 Дел 3: Превземање одговорност за превенција на РБН 56 Заклучок 57

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Користена литература 59

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Преглед “Спортот може да придонесе за елиминирање на дискриминацијата врз жените и девојчињата преку зајакнување на поединците, особено жените, и опремување со знаења и вештини потребни за напредок во општеството. Спортот може да се залага за родова еднаквост, да се справи со ограничувачките родови норми и да обезбеди инклузивни безбедни простори“. Канцеларијата на Обединетите нации за спорт за развој и мир Спортот долго време се слави како обединувачка сила, рушејќи бариери и поврзувајќи различни заедници. Сепак, и покрај неговиот инклузивен потенцијал, многумина—особено жените, девојчињата и маргинализираните групи—и понатаму се соочуваат со нееднаквост, вознемирување и дискриминација. Ова се значителни пречки за остварување на целосниот потенцијал на луѓето и еднаквите права и можности. Забележан е значителен пораст на пријавени случаи на сексуална злоупотреба и експлоатација, додека родово базираното насилство (РБН) останува една од најголемите закани за жените и девојчињата во Европа и на глобално ниво (Евростат, 2024). Според релевантната Студија на Европската комисија, РБН во спортот е широко распространето во земјите-членки, што бара итна интервенција за создавање безбедни и инклузивни средини (Европска комисија, 2016). Од суптилни практики на исклучување до отворено вознемирување и злоупотреба, РБН го поткопува интегритетот на спортот и благосостојбата на оние кои учествуваат. Справувањето со РБН во спортот е од суштинско значење не само за заштита на правата на жените, девојчињата и другите маргинализирани групи, туку и за трансформација на културата што овозможува ваквото однесување да опстојува. Спортот е признат од страна на Целта за одржлив развој 5 на ОН како алатка за промовирање на родова еднаквост преку зајакнување на жените и предизвикување на штетните родови норми (Обединети Нации, 2023). Спортот игра клучна улога во овој процес поради неговата масовна моќ за допирање до луѓето и ефектот на мултиплицирање. Со справување со основните прашања поврзани со РБН, не само што го спречуваме, туку и го подобруваме вкупното спортско опкружување, правејќи го поприфатливо и со почит кон сите учесници. Овој холистички пристап бара соочување со вкоренетите стереотипи, преиспитување на нееднаквите динамики и создавање средини каде што почитта и инклузивноста се неопходни на сите нивоа на идентитет. Целта е јасна – создавање безбедни срединии каде што спортистите, тренерите, персоналот и навивачите можат да напредуваат без страв од дискриминација или повреда. РБН е длабоко вкоренето во родовата нееднаквост на сите општествени нивоа, особено во спортот кој типично е доминиран од мажи. Културните и социјалните норми што промовираат машка доминација исто така ја нормализираат родовата дискриминација и насилство. Рамката „ Sports for Generation Equality“ на UN Women истакнува дека спортот има потенцијал да биде предводник на промените преку трансформирање на штетните норми и промовирање на еднаквост (UN Women, 2020). Спортот е огледало на општеството, а она што се случува на теренот често има одек далеку надвор од него. Спортот има моќ или да ги одржи старите, штетни стереотипи и норми, или да отвори нови патишта за создавање на свет без дискриминациски активности. Превенцијата на РБН во спортот може да придонесе за предизвикување на нееднаквостите, родовите улоги и очекувањата, особено во распределбата на моќта, и да промовира почит, инклузија и еднаквост во рамки на тимовите, организациите, заедниците, и на крајот во општеството во целина. Превенцијата на РБН во спортот може да поттикне култура на

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). зајакнување и еднаквост, и да придонесе за рушење на штетните норми и стереотипи, создавајќи побезбедни средини за спортистите, особено за жените. Улога на спортските професионалци во превенцијата Спортските професионалци како што се тренери, инструктори, администратори и засегнати страни играат клучна улога во спречување на родово базираното насилство (РБН). Нивната улога е повеќеслојна – од создавање безбедни средини и спроведување на превентивни политики до застапување за родова еднаквост. Кампањата HeForShe на UN Women ги мобилизира машките спортисти и спортските професионалци да ги предизвикаат родовите стереотипи и да создадат инклузивни средини во спортот (HeForShe, 2023). Тренерите, инструкторите и спортските ѕвезди не се само луѓе кои се извонредни во својот спорт, тие се и моќни модели на однесување. Тие имаат единствена способност да ја обликуваат културата на нивните тимови, па дури и на целите спортски заедници. Тие се одговорни за создавање култура на почит, одговорност и безбедност во рамките на тимовите и организациите, за спроведување на политики на нулта толеранција кон РБН, вознемирување и дискриминација, како и за обезбедување на безбедни механизми за пријавување и поддршка на жртвите на РБН. Спортски професионалец кој јавно ќе осуди непочитувачко однесување, или спортист кој ќе ја искористи својата платформа за да се залага за еднаквост, има огромно влијание врз предизвикување на старите, штетни културни норми и инспирирање на другите да бидат подобри. Спортските професионалци кои се залагаат за спречување на РБН прават многу повеќе од само заштита на луѓето околу нив. Тие стануваат дел од поширока борба за фер однос и почит која оди подалеку од спортските терени. Спречувањето на РБН во спортот е заедничка одговорност. Општеството мора да ги препознае социјалните, физичките, психолошките и економските последици од РБН, кои одат подалеку од поединечните жртви и влијаат на поширокиот екосистем на спортски професионалци и засегнати страни. Стратегијата за родова еднаквост во спортот на Европската Унија ја истакнува важноста од вклучување на повеќе жени на лидерски позиции и во процесите на носење одлуки со цел уривање на родовите нееднаквости во спортот (Европска комисија, 2020). Затоа секој глас е важен во создавањето спортски средини каде што безбедноста, почитта и инклузивноста се стандард.

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Цел на прирачникот Овој Прирачник претставува важен ресурс за спречување на родово базираното насилство. Секој дел од Прирачникот нуди насоки и конкретни мерки насочени кон намалување на РБН во рамките на спортските организации и заедници. UN Women нагласува дека едукацијата и проактивните мерки во спортот се клучни за промена на ставовите и спречување на насилство (UN Women, 2020). Овој Прирачник интегрира едукација, превенција и механизми за реакција за да ги опреми спортските професионалци и засегнатите страни за активно вклучување во борбата против РБН. Нуди однапред подготвени презентации, интерактивни планови за лекции, програми за едукација меѓу врсници и стратегии за менторство со цел водење проактивен дијалог. Преку активности за неформално образование, студии на реални случаи и сценарија за игра на улоги, тој им овозможува на спортските професионалци да ги развијат вештините потребни за идентификување, справување и спречување на РБН. Содржи алатки за самопроценка, насоки за пријавување и добри практики за развој на институционални политики, обезбедувајќи спречувањето на РБН да стане вграденa практика, а не реактивна мерка. Справувањето со РБН не е само етичка обврска, туку и фундаментално барање за обезбедување на одржливост на спортот. Со спроведување на практиките наведени во овој Прирачник, засегнатите страни можат да придонесат за значајна промена, да ги заштитат спортистите и спортските професионалци и да ја зацврстат улогата на спортот како алатка за зајакнување и социјална кохезија.

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Презентација за неформални настани и семинари Овој дел вклучува сеопфатен сет на материјали за презентација и детални упатства за различните теми опфатени со програмата, дизајнирани специјално за семинари или неформални сесии насочени кон едукација и ангажирање на спортистите за критичното прашање на РБН во спортот. Презентациите не само што ги покриваат основните теми околу РБН, туку и навлегуваат во практични стратегии за подигање на свеста, промовирање на превенција и поттикнување на поддржувачка и безбедна средина во спортската заедница, осигурувајќи дека спортистите се опремени со знаење и алатки потребни за борба против РБН на теренот и надвор од него. За пристап до целосниот сет на материјалот на презентациите, посетете ја платформата за е-учење на проектот овде:https://sportgvp.eu/elearning/trainingpackage/ Теми за презентација Рабирање на Родово Базирано Насилство (РБН): Спортска перспектива Препознавање и адресирање на РБН во спортот Закрепнување од РБН: Поддршка и опоравување на жртвите Креирање на безбедна и инклузивна спортска средина Концептирање на полот и родовата еднаквост во спортот Борба против РБН во спортот: Колаборативен пристап Планови за часови за активности за учење Преглед Овој дел обезбедува серија структурирани планови за часови кои им овозможуваат на спортските професионалци да ги едуцираат и ангажираат спортистите на теми како што се превенција на РН, родова еднаквост, однесување со почит и интерсекционалност. Секоја лекција вклучува теоретски компоненти поврзани со интерактивни вежби, студии на случај и сценарија за играње улоги за да се подобри разбирањето и да се поттикне критичкото размислување.

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). План за лекција 1 - Разбирање на родово базирано насилство (РБН) во спортот Дел Наслов Разбирање на родово базирано насилство (РБН) во спортот Генерални информации и тема Оваа лекција има за цел да се осврне на РБН во контекст на спортот, истакнувајќи ги нејзините причини, манифестации и стратегии за превенција. Поттикнува критичко размислување, емпатија и создавање побезбедни средини во спортот за сите полови. Компетентност, вештини, способност Подобрено/Стекнато: ● Свест за РБН во спортот. ● Вештини за препознавање и адресирање на РБН во спортски поставки. ● Способност за застапување и спроведување на мерки за спречување на РБН. Цел Да се едуцираат учесниците за динамиката на РБН во спортот, давајќи им моќ да ги идентификуваат, спречат и ефективно да одговорат на таквите прашања додека промовираат инклузивност и еднаквост. План Активност за Неформално образивание 1 Преглед: Интерактивна работилница која ја истражува распространетоста и влијанието на РБН во спортот. Цели На крај на часот, учесниците ќе можат да: ● Го објаснат влијанието на РБН на индивидуалнилица и заедницата во контекст на спортот. ● Споредат различни форми на РБН во спортот за да одредат основни модели, фактори на ризик и последици. Материјали: Флип чартс, маркери, проектор, PowerPoint презентација, материјали за студија на случај, картички за сценарија, топка, анкета за самооценување. Времетраење: 90 минути. Чекори на имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и Игра за загревање (10 минути) ○ Добредојде на учесниците и запознавање. ○ Започнете со игра за запознавање. Предлог игра: Aтом игра каде учесниците се групираат во парови на даден знак и кажуваат три значајни работи за себе: име, од каде доааѓат и зошто се тука. ○ 5# Group making activity and getting to know each other moment ● Чекор 2 - Вовед (10 минути) ○ Воведете ја темата на часот со дефинирање на РБН во спортот, објаснувајќи како се јавува во различни форми, како што се дискриминација, злоупотреба, вознемирување и исклучување. (Resources: Tackling Violence Against Women and Girls in Sport, Study on Gender-Based Violence in Sport, What is gender-based violence? - European Commission)

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● Чекот 3 - Разбирање на РБН во спортот (35 минути) ○ Дајте краток преглед на работилницата, истакнувајќи ги нејзините цели и клучните теми со кои ќе се занимава. За подобар ангажман од самиот почеток, замолете ги учесниците да напишат на леплива белешка еден збор што им доаѓа на ум кога размислуваат за РБН воопшто и за РБН во спортот. ○ Користете PowerPoint презентација што можете да ја најдете на почетокот на Прирачникот - Разбирање на родово базирано насилство - Спортска перспектива, за да го продлабочите разбирањето и знаењето за темата. ● Чекор 4 - Дискусија (25 минути) ○ Дискусија за претходно подготвени студии на случај и сценарија од реалниот живот кои ја вклучуваат темата за РБН во спортски контекст. (Примери: Dark and dangerous shadow of stalking hovers over growth of women's sport | Reuters, US Biathlon officials ignored sexual harassment and abuse of female racers for decades, athletes say, NWSL’s sexual misconduct scandal costs league $5 million in ‘landmark settlement’) ○ После секое сценарио, започнете дискусија за емоциите, потенцијлните последици и ефективни стратегии за интервенција. ○ Пример прашања: ■ Што мислите, како се чувствувала жртвата во оваа ситуација? ■ Доколку Вие бевте на место на жртвата, каква би била вашата моментална реакција? ■ Каков специфичен тип на РБН е покажан во ова сценарио? (на пр., следење, вознемирување, принуда, напад) ■ Како РБН влијае на перформансите, кариерата и менталното здравје на спортистот? ■ Кои итни дејствија би можеле да се преземат за да се запре или спречи злоупотребата? ● Чекор 5 - Рефлексија (10 минути) ○ Овозможете сесија за дебрифинг каде учесниците размислуваат за она што го научиле и се обврзуваат на акција. ○ Седнете во круг за да го поттикнете чувството на сигурност и отвореност, подавајте топка наоколу, дозволувајќи му им на секое лице да сподели едно клучно мислење или акција што може да ја преземе за борба против РБН во спортот. ○ Завршете со сумирање на главните точки од лекцијата и анкета за самооценување - Разбирање на РБН во спортот што можете да го најдете во последниот дел од Прирачникот за да соберете повратни информации. Дополнителни информации: Осврнете се на ресурси од организации како што се UN Women и Safe Sport International.

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). ● https://www.unwomen.org/en/digitallibrary/publications/2023/07/tackling-violence-against-women-andgirls-in-sport-a-handbook-for-policy-makers-and-sports-practitioners ● https://www.safesportinternational.com/ Активности за Неформално образование 2 Преглед: Сценарија со игра на улоги за вежбање на интервенција и стратегии за поддршка Цели: До крајот на сесијата, учесниците ќе бидат способни да: ● Опишат соодветни одговори и стратегии за поддршка за справување со родово базираното насилство (РБН) во спортот. ● Демонстрираат интервенциски вештини преку вежбање на ефикасни реакции.. ● Оценат различни пристапи за интервенција со цел утврдување на нивната ефективност во различни ситуации поврзани со РБН. Материјали: Сценарија за игра на улоги, PowerPoint презентации, топка, лепливи белешки (sticky notes), флипчарт, маркери и анонимни прашалници за повратни информации. Времетраење : 90 минути. Чекори на имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (15 минути) ○ Поздравете ги учесниците и започнете со игра за загревање. Предлог за игра: „Премини ја линијата“ каде што учесниците стојат на една страна од линијата. Ќе читате изјави поврзани со РБН во спортот. Доколку изјавата важи за нив или за некој што го познаваат, тие тивко преминуваат преку линијата. За да продолжат со играта, се враќаат назад на почетната линија. Cross The Line ○ Примери за изјави: ■ РБН во спортот се однесува само на физичко насилство врз жени. ■ Моќта и контролата на тренерот врз спортистите може да придонесе за РБН. ■ РБН се случува само во професионалниот спорт. ■ Женските спортистки понекогаш се обвинети за насилството што го претрпуваат. ■ РБН е ретка појава во спортот. ■ Мажите никогаш не се жртви на РБН во спортот. ■ РБН често останува непријавено во спортот. ■ Спортистите често се обесхрабрени да пријават РБН. ■ Медиумското внимание може да ја зголеми свесноста за РБН. ■ Жртвите на РБН во спортот често добиваат поддршка од нивните соиграчи. ● Чекор 2 - Вовед (10 минути) ○ Дадете кратко резиме на работилницата. Воведете ја темата на сесијата со акцент на влијанието на РБН врз спортистите, тренерите и спортските заедници и важноста од препознавање и справување со РБН во

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). спортот за создавање побезбедна и поинклузивна средина. ● Чекор 3 - Препознавање и справување со РБН во спортот (40 минути) ○ Побарајте од учесниците да напишат на лепливи белешки што им доаѓа на ум кога размислуваат за препознавање на РБН, практики за интервенција и стратегии за поддршка, и да ги постават на флипчарт. Заедно со нив пополнете го флипчартот со примери за интервенции и стратегии за поддршка. ○ Користете ја PowerPoint презентацијата која се наоѓа на почетокот на Прирачникот за поврзување со темата: Препознавање и справување со РБН во спортот. ● Чекор 4 - Дискусија (15 минути) ○ Прејдете кон дискусија за реални ситуации поврзани со предизвиците и препознавањето на РБН во спортски контексти. Водете ја групата низ дискусијата за предизвиците што може да се појават и кој е најефективниот начин за препознавање на РБН. ○ Водечки прашања за дискусија: ■ Зошто сметате дека РБН во спортот често останува непријавена? ■ Како можат тренерите, соиграчите и спортските организации активно да препознаваат и реагираат на РБН? ■ Можете ли да замислите конкретни примери (реални или хипотетички) каде што РБН би можела да се појави во спортска средина? Како би се препознала? ■ Како влијае културата на молчење и лојалност во тимовите и организациите врз препознавањето на РБН? ● Чекор 5 - Рефлексија (10 минути) ○ Рефлектирајте за тоа што научиле и како можат да го применат во нивната секојдневна работа. Седејќи во круг за поттикнување чувство на сигурност и отвореност, поминувајте ја топката околу кругот, дозволувајќи секој да сподели едно клучно сознание или акција што може да ја преземе за да се бори против РБН во спортот. ○ Завршете со сумирање на главните точки од сесијата и дистрибуирајте го анонимниот прашалник за повратни информации, кој се наоѓа во Дел 1 од делот за самопроценка во овој Прирачник, со цел собирање на рефлексии и предлози за подобрување. Совети за фасилитаторите: Поттикнувајте активна вклученост и нагласете емпатија во одговорите. Дополнителни информации: Обезбедете линкови до онлајн обуки за интервенции како набљудувачи (bystander intervention). Bystander Intervention - Right To Be, Bystander Intervention Training | CITI Program

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). Студија на случај и/или добра практика ● Алатка за подигнување на свеста насочена кон сите инволвирани во спортот, со фокус на РБН и дискриминацијата, како и на правните последици поврзани со нив. Mинистерство за спорт на Франција (Октомври, 2018) Small legal guide: For a better understanding of legal consequences of incivilities, violence, and discrimination in sports (2nd ed.) bit.ly/3DGgNF4 ● Athena’s Programme за превенција на сексуална злоупотреба во спортот Council of Europe. (2019). Athena's programme for the prevention of sexual abuse in sports. European Commission. https://pjpeu.coe.int/en/web/gender-equality-in-sport/online-library-25-bestpractices/-/asset_publisher/D8W3pZBd1722/content/athena-s-programfor-the-prevention-of-sexual-abuse-in-sports Дигитални медиумски ресурси ● Видеа од кампањи како #HeForShe. HeForShe Campaign Video ● Инфографици за РБН во спортска статистика. Context Matters! Gender-Based Violence in Sport - Western University Референци ● UN Women. (2023). Tackling violence against women and girls in sport: A handbook for policy makers and sports practitioners https://www.unwomen.org/en/digitallibrary/publications/2023/07/tackling-violence-against-women-andgirls-in-sport-a-handbook-for-policy-makers-and-sports-practitioners ● FIFA. (2021). Guidelines on safeguarding and gender-based violence in sports. Retrieved from https://inside.fifa.com/human-rights/fifaguardians/guidance

www.sportgvp.eu Финансиран од Европската Унија. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив (Број на проектот: 101133538). План за лекција 2 - Градење на безбедни и инклузивни спортски средини ДЕЛ Наслов Градење на безбедни и инклузивни спортски средини Генерални информации и теми Оваа лекција се фокусира на создавање спортски средини што промовираат безбедност, инклузија и почитување на разновидноста. Истата ги опфаќа принципите на еднаквост, ефективна комуникација и стратегии за спречување на исклучување, дискриминација и вознемирување. Компетентност, вештини, способност Подобрено/Стекнато: ● Свесност за важноста на инклузивноста и безбедноста во спортот. ● Вештини за идентификување и справување со исклучувачки или небезбедни практики. ● Компетентност за дизајнирање инклузивни спортски активности и поттикнување на соработка. ● Способност за имплементирање на политики и практики што обезбедуваат безбедност и инклузија. Цел Да ги оспособи учесниците со знаење и алатки за изградба и одржување на безбедни и инклузивни спортски простори што охрабруваат учество и меѓусебна почит кај сите индивидуи, без разлика на нивната позадина или идентитет. План Активност за неформална едукација 1 Преглед: Групна дискусија и бреинсторминг за клучните елементи на безбедни и инклузивни спортски простори. Цели: До крајот на лекцијата учесниците ќе можат да: ● Објаснат кои се клучните пречки за инклузија и безбедност во спортските средини. ● Споредат различни спортски средини за да идентификуваат заеднички предизвици и ефективни стратегии за создавање безбедни и инклузивни простори. Материјали: Табла или флипчарт, маркери, лепливи ливчиња, PowerPoint презентација и карти со прашања. Времетраење: 90 минути. Чекори за имплементација: ● Чекор 1 - Добредојде и игра за загревање (15 минути) ○ Добредојде и запознавање. ○ Започнете ја сесијата со игра за загревање. Предлог за игра: “Човечки јазол” каде учесниците стојат во круг и фаќаат раце со две различни лица спроти нив, создавајќи „јазол“. Групата мора заеднички да го расплетка јазолот без да се пуштат. Потенцирајте ја комуникацијата, соработката и почитувањето на личниот простор. . Human Knot Challenge! (HOW TO PLAY & SOLUTION) ● Чекор 2 - Вовед (15 минути) ○ Претставете ја темата на лекцијата и накратко објаснете ги целите. Создадете простор за отворена дискусија и направете ги учесниците да се чувствуваат прифатени и безбедни.

RkJQdWJsaXNoZXIy NzYwNDE=